Шпанскиот тенисер Рафаел Надал потврди дека на 31 јули ќе се врати на терените, откако одлучи да ја прескокне сезоната на трева, но и Олимписките игри!
Надал за прв пат во својата кариера ќе игра на АТП турнир во Вашингтон, како подготовка за УС Опен, кој сезонава ќе се одигра од 30 август до 12 септември.
„Многу сум возбуден што за прв пат ќе играм во Вашингтон. Никогаш не сум бил таму и тоа е едно од местата на кои сакав да дојдам. Се радувам поради кам – бекот на теренот, а Вашингтон за мене ќе биде најдобар почеток за мене“, изјави Надал.