Надал доби силен и неочекуван удар од неговата „Marca“: Угледниот весник тврди – Ѓоковиќ е „GOAT“!

За прв пат во историјата, колегите од угледниот шпански спортски весник „Marca“ излегоа со писание дека Новак Ѓоковиќ е најдобар тенисер во историјата, што е тежок удар за нивниот досегашен прв фаворит, Шпанецот Рафаел Надал!

Во вакви моменти може да се види големината, дали на еден човек, или конкретно за угледната „Marca“. Шпанците со признанието уште еднаш докажаа дека се најдобар спортски весник на светот. Тоа што го пишува Clicksport.mk, сега доби силна потврда од угледниот весник, кој порачува: Со моменталниот скор и учинок, Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата.

Но, „Marca“ знае како се игра оваа игра, за да тврдиш нешто мораш да ги покажеш и фактите, а ние ви ги пренесуваме нивните:

  • Ѓоковиќ се изендачи со Надал и Федерер по бројот на Гренд слем титули (20)
  • Помина најмногу недели на првото место на АТП листата
  • Забележа најмногу АТП поени во историјата (16.785)
  • Единствен е што ги освои сите девет Мастерс турнири (сите по два пати)
  • Единствен е во Опен ерата што по два пати ги освои сите гренд слемови
  • Освоил осум Гренд слемови со повеќе од 30 години. Надал освои шест, Федерер четири
  • Подобар меѓусебен скор од Надал и Федерер
  • Најдобар процент на победи против ТОП 10 играчи. Има 69%, Надал има 64,3%, а Федерер 64,6%

Интересно, дури и на сајтот на „Marca“ каде што гласаат навивачите, според нив Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња. Тоа е што е, пред фактите и боговите молчат.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.