Шпанскиот тенисер Рафаел Надал не го криеше задоволството по освојувањето на Мастерсот во Рим. Рафа во финалето го совлада најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковќ и стигна до 10. пехар на турнирот во вечниот град.
„Имав среќа, поготово против Шаповалов, но и јас одиграв добар турнир. Играв се подобро како што одминуваа деновите и имав многу позитивни луѓе околу мене, па затоа сум многу среќен поради се. Десетта титула, невозможно е да замислам, не можам доволно да му се заблагодарам на својот тим на се што направиле за мене. Фантастично“, среќен беше Шпанецот.