Надал го сруши Зверев за полуфинале во Рим

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Рим откако во четвртфиналето после двочасовна борба го совлада Саша Зверев 2:0 (6:3, 6:4).

Германецот има за што да жали. Освен што не му идеше првиот сервис, Зверев имаше дури 10 брејк шанси од кои искористи само една, а од друга страна Надал од шест брејк шанси, искористи три за ново полуфинале во Рим.

Надал во полуфиналето ќе игра против Американецот Рели Опелка.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.