Нагелсман дојде и одма направи „рез“: Баерн останува без пет фудбалери!

Според информациите на угледниот Билд, дури петорица фудбалери на германскиот првак Баерн Минхен, ќе го напуштат клубот.

Станува збор за скапо платениот Корентин Толисо кој од Лион дојде за сума од 40.000.000 евра пред четири години, а ќе си заминат и Боуна Сар, Мајкл Маисанце, Џошуа Зиркизе и Оливер Батиста Мајер.

Сите петорица имаат важечки договори со Баварците, некои и до 2024 година, меѓутоа клубот во соработка со новиот тренер Јулијан Нагелсман одлучи да ги продаде уште летово, додека некои ќе бидат испратени на позајмица.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.