Навивачите на Малме ја запалија статуата на Златан Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ ги шокираше навивачите на клубот во кој ја започна кариерата, Малме, откако одлучи да вложи пари во купувањето на ривалот на овој клуб, Хамарби. „Ибракадабра“ откупи 25 проценти од овој клуб, а навивачите на Малме веднаш се одрекоа од него и својот бес го искажаа на неговата статуа.

„Златан го изгуби своето значење во Малме. Не сме среќни со тоа што го направи. Неговата статуа повеќе ништо не значи. Тој е само играч што се продаде за 80 милиони круни“, соопштија навивачите на Малме.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .