Навивачите на Барса го ПОНИЖИЈА својот играч, Пике мораше да реагира!

Барселона синоќа го освои традиционалниот Гампер куп, каде што го победи Јувентус со 3-0, но навивачите на трибините на „Јохан Кројф“ не го криеја незадоволството поради заминувањето на најголемиот играч во историјата на клубот – Лионел Меси.

На трибините присуствуваа околу 3.000 гледачи кои жестоко му свиреа на дефанзвиецот Самиел Умтити, кој беше окарактеризиран како еден од главните виновници поради заминувањето на Меси.

Кога и да ја добиеше топката, Умтити добиваше свирежи од публиката, а винстинко понижување на францускиот дефанзивец му се случи во текот на доделувањето на трофеите, кога Умтити поради силните свирежи одлучи да не се појави на церемонијата

Џерард Пике, еден од „легионерите“ во соблекувалната се обиде да ги смири страстите, но неговиот апел до навивачите да не свират, не беше многу корисен.

„Разбирам дека навивачите сакаат да го искажат своето незадоволство, но во се сме заедно. Свирежите не помагаат, без оглед на фактот колку луѓето се разочарани. Не беше ова еден од нашите најдобри денови, но знаевме дека овој ден ќе дојде. Животот оди понатаму, луѓето сакаат да ја гледаат екипата и да напредвуаат. Јасно е дека нашето ниво повеќе нема да биде исто“, порача искусниот дефанзивец.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .