Контроверзниот француски тенисер Беонит Пер стана познат во јавноста најмногу поради непрофесионалните изјави, но сега му стигна казната за истите, откако Тениската федерација на Франција објави дека тој нема да ја претставува својата земја на претстојните Олимписки игри во Токио.
„Поради непримерното однесување на Беноит Пер, Извршниот одбор на Тениската федерација на Франција на барање на Себастијан Гросјан, капитенот на репрезентацијата, одлучи да го исклучи играчот од можниот олимписки настап. Пер се однесуваше неспортски и неадекватно на теренот (плукање, пцуење) и надвор од него (на социјалните мрежи). Неговиот став беше надвор од спортската етика и тениските вредности“, сооштија од ТФФ.
Tennis – FFT – Benoît Paire officiellement écarté de l’équipe de France pour les Jeux Olympiques de Tokyo https://t.co/E3V1MmjMVU
— stultus.news (@stultus_news) April 23, 2021