Му одзеде СЕ, сега му го напаѓа најмилото!

Со синоќешниот триумф на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ стана третиот тенисер со најмногу трофеи на најважниот Гренд слем турнир. Веќе ја престигна поранешната икона на Вимблдон, славниот Бјорн Борг, а пред него се уште две легенди.

Некогашниот идол Пит Сампрас кој седум пати го освојуваше Вимблдон и на крајот Федерер, кој осум пати победуваше. Не треба да се трошат зборови за емотивната врска која ја имаат Федерер и Вимблдон. Швајцарецот, исто како и Ѓоковиќ никогаш не криеше дека токму овој турнир му е омилениот.

Во еден момент делуваше како никој во блиска иднина нема да го заниша тронот на Федерер за најголемиот кој играл на лондонската трева. Кога Федекс во 2012 ја освојуваше шестата титула, Ѓоковиќ имаше само една, но времињата се променија…

Година по година, трофеј по трофеј, големата предност на Швајцарецот се истопи и разликата е само два трофеи, што исто така е голема разлика, меѓутоа не толку голема како што беше во минатото.

За Новак нема да биде страшно и да не успее да биде најтрофејниот на Вимблдон, но дефинитивно кога ќе ја заврши кариерата ќе биде подобар од Швајцарецот во сите категории. Тој уште од сега е надмоќен, а во моментов игра во животна форма.

Ист е муабетот и за УС Опен. Федерер има пет титули, Новак две помалку, а веќе во септември ќе има шанса да намали на минус еден. Останува да видиме како ќе се одвива оваа златна ера на тенисот, а дефинитивно не треба да го отпишуваме ниту Рафа Надал.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .