Мурињо: Психички не издржавме, Соучек е новиот Фелаини

Менаџерот на Тотнем, Жозе Мурињо ја имаше првата реакција по шок – ремито против лондонскиот ривал Вест хем. „Петлите“ до 82. минута имаат водство од 3-0, но на крајот мораа да се задоволат со реми, откако „чеканите“ постигнаа три гола во самата завршница.

„Фудбал. Секако дека ќе морам да го анализирам второто полувреме, тоа ќе го направиме интерно, но за вас можам да кажам дека едноставно се случи фудбал и да ја пофалам вербата на играчите на Вест хем.

Не е лесно да губите со 3-0, противникот да доминира, а вие и понатаму да верувате. Знам дека тие се поразличен тим во однос на минатата сезона, но голема казна е да загубите три гола предност, казна која ја заслуживме.

Некои работи се случија надвор од контекстот – повторно гол после слободен удар, автогол, па одбиена топка… Го контролиравме натпреварот. Кејн погоди статива за 4-0, Бејл можеше да го реши мечот.

Повеќе имаше шанси да падне четврти погодок него не што друго, но тоа е фудбалот. Ги изгубивме бодовите во последните секунди. Им кажав да пазат на прекините, Дејвид Мојс во Соучек го пронајде новиот Фелаини“, изјави Португалецот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .