Мурињо одма воведе новитети: Играчите на Рома – ВЧУДОНЕВИДЕНИ! (ВИДЕО)

Италијанскиот калчолигаш Рома ја изненади јавноста на Апенините со одлуката за нов тренер да го постави Жозе Мурињо кој во првиот пријателски натпревар славеше со 10-0, па навивачите со голем ентузијазам ја чекаа новата сезона.

Португалецот отсекогаш важел за нековенционалните методи на работа и тренинг, а новитетите кои ги воведе на тренинзите на „римската волчица“ ги изненадија играчите, но и навивачите.

Имено, поред теренот е поставен огромен екран. Тој му служи на Мурињо за веднаш да им ги покаже грешките на играчите и да им помогне околу поставувањето и препознавањето каде би требало да се наоѓаат во последната фаза од играта.

Освен тоа, играчите константно ќе ги снима дроа кои веднаш ќе испраќа информации околу движењето, брзината и претрчаните километри на сите играч на таблетот на Мурињо. На него „посебниот“ има софтфер кој многу брзо ќе може на екранот да ги увиде грешките на своите играчи.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.