Мурињо нема дилеми: Хрватска ќе биде ЕЛИМИНИРАНА од ЕВРО 2020!

Хрватските навивачи очекуваа далеку повеќе од својата репрезентацијата на ЕВРО 2020. „Коцкестите“ во првиот меч загубија од фаворитот Англија, додека во вториот ремизираа со селекцијата на Чешка, па со право стравуваат околу пласманот во следната рунда.

Во нив не верува ниту познатиот португалски стручњак Жозе Мурињо кој смета дека Хрватите нема да ја поминат групната фаза на ЕВРО 2020.

„Шкотска во последното коло игра против Хрватска која не се покажува како голема закана. На овој турнир Хрватска не игра на високо ниво и мислам дека вратата на Шкотска за пласман во следната рунда и е широко отворена“, кажа Мурињо.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.