Мурињо за прв пат во кариерата доживеа 10 порази во сезона

Тотенхем вечерва во дербито на колото во англиската Премиер лига загуби од Манчестер јунајтед на домашен терен со 3-1, а овој пораз е голем удар за амбициите на тимот на Жозе Мурињо за настап во Лигата на шампионите.

Поразот од „црвените ѓаволи“ беше десетти вкупно за Португалецот сезонава, интересно, ова е прв пат во кариерата „специјалниот“ да доживее десет порази во сезона.

Навивачите на Тотенхем бараат негово заминување, но тоа Спарси скапи би ги чинело, а цифрата за отказ наводно е околу 30.000.000 фунти.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.