Мурињо до Михајловиќ: Тој е еден од „моите“

Вечерва се играат четири средби од 15. коло во првата италијанска лига, а една од нив е онаа меѓу Болоња и Рома закажана за 18:30 часот.

Се очекува истата да биде возбудлива, неизвесна, борбена, а ќе биде доста занимливо и крај аут линијата каде ќе ги имаме Синиша Михајловиќ и Жозе Мурињо. Двајцата добро се познаваат, во минатото имаа и недоразбирања, меѓутоа сега се е во најдобар ред и тоа се гледа по искрените зборови кои си ги упатија еден на друг.

Прво Србинот порача дека никогаш нема да ја заворави поддршката која ја добил од Мурињо во моментите кога се борел со леукемијата, зборови кои допреа до стратегот на „волчицата“ кој возврати во ист стил.

“Синиша е еден од моите, од нашите… тој е голем пријател со мој голем пријател (Дејан Станкови)]. Тогаш автоматски станува мој пријател. Ние, јавните луѓе може да имаме позитивно влијание и тој секако имаше многу позитивно влијание врз многу луѓе кои ја имаа истата болест како него. Покажа неверојатна храброст и сила, имам почит и восхит кон него. Луѓето како него можат да влијаат на многу други, тој беше пример и имаше огромна храброст. Синиша исто така сакаше да работи и не е тој што треба да ми се заблагодари за мојата мала поддршка. Му благодарам во името на многумина за неговиот пример.”-порача Жозе.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.