Мурињо бил план Б: Еден тренер го одбил Тотнем!

Жозе Мурињо денеска беше именуван за нов менаџер на Тотнем. Португалецот дојде на местото на Маурицио Покетино, а со „петлите“ потпиша договор до 2023. година. Меѓутоа, медиумите од Островот тврдат дека Жозе не бил првиот избор на претседателот на Тотнем, Даниел Леви.

Тој сакал да го ангажира актуелниот менаџер на Лестер, Брендон Роџерс кој врши одлична работа кај „лисиците“ и е најзаслужниот за одличниот старт на сезоната. Токму одличните резултати го привлекле Леви и поради тоа му го понудил менаџерското столче.

Сепак, откако Роџерс ја одбил понудата, раководството на Тотнем се фокусирало на Мурињо со кој многу брзо беше постигнат договор.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .