Мудриот Чоло знае како: Атлети активираше трансфер „бомба“!

Диего Симеоне дефинитивно спаѓа во самиот крем, кога станува збор за најдобрите тренери во светот. Популарниот Чоло знае како се работи, а од мадридски Атлетико направи вистински гигант од кој стравуваат Реал Мадрид и Барселона.

Симеоне сега направи уште еден лудо добар потег, откако го откупи договорот на сонародникот Родриго Де Пол кој беше еден од најзаслужните за освојувањето на Копа Америка од страна Аргентина минатиот викенд на култната „Маракана“ во Рио, против омразениот Бразил.

Шампионот на Шпанија го потврди трансферот. Де Пол стигнува од италијанската Серија А, каде што беше првата ѕвезда на Удинезе која ќе добие околу 35.000.000 евра, додека Де Пол потпиша договор до 2026 година.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .