Моџи: По аферата “Kалчополи” сериозно размислував за самоубиство!

Некогашниот директор на Јувентус, Лучијано Моџи призна дека сериозно размислувал на самоубиство во периодот кога Италија ја тресеше познатиот фудбалски скандал „Калчополи“.

Поради обвиненија за наместени натпревари и влијаење врз судии, Јувентус во 2006 година беше исфлрен во Серија Б, а во тој период на чело на клубот беше токму Моџи.

И покрај сомнежите и исфрлањето на Јувентус ранг подолу, никој инволвиран во скандалот не доби обвинение за местење на натпревари.

Во документарниот филм на „Нетфликс“ снимен за овој скандал, Моџи призна дека сериозно размислувал за самоубиство во тој период.

„Бев засрамен, ми беше срам дури и да шетам на улица, па во тој момент сериозно размислував на многу нешта, дури и на самоубиство. Првите десет дена беа ужасни”, изјави Моџи.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.