МОК има нов претседател – Даниел Димевски!

Во бурното синоќешно четири ипол часовно собрание, екс претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски беше избран за нов претседател на Македонскиот Олимписки Комитет.

Неговата против кандидатка Александра Војнеска – Зикова освои само два гласа, додека Димевски доби убедливи 30 гласа.

„Уште сега ветувам, јавно кажувам дека следната година ќе организираме ново Изборно Собрание, па тие пак нека не дојдат. Сакам да бидеме обединети, а не разделени. Затоа ќе сторам се за бидеме пак сите заедно. А до следниот избор зад себе ќе имам една година во која ќе работам напорно и ќе дадам се од себе за македонскиот спорт. Вечерва ми е еден од најтешките денови. Имав три мандати во КФМ и секој пат сум давал се од себе на сите што мислат различно да ги убедам да мислат вистински. Оваа ситуација ќе ме мотивира да работам уште понапорно и сите овие столчиња сега што се празни ке бидат полни и ќе ми аплаудираат повеќе од сите вас.“, изјави Димевски.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .