Модриќ со порака до Перез: Не ми се потребни ни две минути…

Лука Модриќ нема проблем да го продолжува договорот од сезона за сезона и токму поради тоа остана и оваа година во Реал Мадрид, нешто што не се случи со Серхио Рамос кој сакаше најмалку двегодишен договор од Флорентино Перез, барање кое не му беше исполнето и поради кое си замина од „Сантијаго Бернабеу“.

Капитенот замина во ПСЖ и стави крај на една блескава ера во Реал Мадрид, но како што стојат работите, тоа нема да се случи со извонредниот Хрват кој демонстрира завидни партии и во втората половина од четвртата деценија во животот.

Модриќ има полни 36 години и се очекува во најскоро време да почнат преговори за ново продолжување на договорот на уште една година, што значи дека Лука ќе ја раситни и 38-ката како член на „кралскиот клуб“.

Хрватот беше избран за играч на мечот во Суперкуп финалето против Атлетик Билбао и ја доби МВП наградата, по која испрати и јасна порака до претседателот Флорентино Перез.

“Многу се зборува за годините, а јас сега уживам во фудбалот повеќе од било кога. Тоа е така бидејќи не знаеш до кога ќе трае ова убаво чувство и до кога ќе бидам на ова ниво. Правам напор за да истрајам повеќе години, за мене нема подобро место од Реал Мадрид. Секогаш имам добар однос со клубот и сигурно ќе постигнеме брз договор. Никогаш не ми требале повеќе од две минути за да потпишам договор со Реал Мадрид и сигурен сум дека ќе постигнеме договор. Клубот ја знае мојата желба и сигурен сум дека и тие го мислат истото, – изјави Модриќ.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.