Модриќ се огласи на Инста по мајсторскиот настап против Шкотска, Чорлука издоминира со коментарот

Фудбалската репрезентација на Хрватска синоќа стигна до првата победа на ЕВРО 2020 која ги однесе во осминафиналето, а најзаслужен за победата беше временскиот Лука Модриќ кој го постигна решавачкиот погодок во победата над Шкотска.

После натпреварот, искусниот фудбалер од средниот ред објави фотографија од евроголот и порача:

„Никогаш не се откажувајте. Следна рунда! Над сите Хрватска“, напиша Модриќ.

Фотографијата собра над 700.000 лајкови, а свои коментари оставија Матео Ковачиќ, Винициус Жуниор, Федерико Валверде, Доминик Ливаковиќ и многу други, меѓутоа коментарот на денот го имаше довчерашниот капитен на „коцкестите“ Ведран Чорлука.

„Аууу, а таман сакаа да те извадат“, напиша дефанзивецот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .