Мобилизација на Вардар: Сите кои имаат сезонски за РК Вардар, бесплатно на дербито против Шкендија!

Вардар во недела (13 ч.) на последниот натпревар од есенскиот дел на арената „Тодор Проески“ го пречекува најголемиот ривал во последните неколку сезони, тетовска Шкендија. Раководството на црвено-црните одлучи за неделното дерби да дозволат влез и за сите оние кои поседуваат сезонски ракометни билети за РК Вардар.

„Ги известуваме сите љубители на фудбалот, кои поседуваат влезни сезонски билети за РК Вардар, дека може да присуствуваат на натпреварот без никаков надомест. Билет за мечот чини 100 денари, и ќе се продава на билетарницата на Арената „Тодор Проески“ пред натпреварот. При секое купување на билет, ќе мора да биде покажен документ за лична идентификација (лична карта, пасош). Важи правилото една лична карта – еден билет. Со оглед дека натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, нема да биде дозволен влез за гостински симпатизери. Воедно, ФК Вардар апелира на фер и коректно навивање од трибините, без извици на национализам и расизам. Да ја прославиме одличната есен онака како што наликува на најтрофеен клуб во нашата земја. Апелираме и оние кои ќе бидат на стадионот, да не носат тврди предмети, затоа што на влезот ќе им бидат одземени“ – се вели во соопштението од ФК Вардар.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .