Многу лоши вести: Наполи нема да го пушти Елмас за историскиот меч против Грузија?

Угледниот италијански медиум „Corriere dello Sport“ синоќа излезе со шокантна информација фудбалските великани во оваа земја, Јувентус и Наполи се здружиле и одлучиле да ги бојкотираат наредните репрезентативни мечеви и да не ги пуштат своите фудбалери на истите.

Ова е голем удар за македонската фудбалска репрезентација ако се знае дека еден од најдобрите наши фудбалери Елиф Елмас е член на Наполи. Нас ни останува да се надевемае дека двата клуба ќе ги пуштат своите играчи да настапат за репрезентациите.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .