Михајловиќ се врати на тренинзите на Болоња! (Видео)

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ пред неколку месеци го шокираше фудбалскиот свет откако соопшти дека боледува од леукемија. Од тогаш тој помина два циклуси на хемотерапија и констатно ги следеше случувањата во Калчолигашот Болоња каде што е тренер.

Тој денеска позитивно ги изненади своите играчи откако се појави на тренингот на клубот. Болоња во сабота ја очекува тежок натпревар против италијанскиот шампион Јувентус, а се очекува популарниот Синиша да биде покрај аут линијата и да им дели совети на своите пулени.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .