Милнер: Очигледно беше дека сме подобри

Фудбалерот на Ливерпул, Џејмс Милнер после елиминацијата од Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите, изјави дека „црвените“ играле подобар фудбал во реваншот.

„Интезитетот и желбата беа добри, ова не беше лош настап. Не може да не се користат шансите, а да се оствари добар резултат. Позитивно е што креиравме шанси и што имавме реакција. Беше очигледно дека бевме подобар тим. Направивме доволно за да го добиеме натпреварот“, кажа Милнер.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .