Милиони во касата на Партизан: Павловиќ ги помина лекарските прегледи!

Белградски Партизан ќе ја наполни касата од продажбата на супер-талентираниот дефанзиец Страхиња Павловиќ. Младиот фудбалер минатото лето беше пред трансфер во римски Лацио, сепак, „небесно-сините“ во последен момент го стопираа трансферот наводно поради лошите резултати на медицинските прегледи.

Сега се е готово. Еден од најталентираните дефанзивци ќе стане нов член на Монако. Српскиот гигант од продажбата на Павловиќ би требало да инкасира дури 10.000.000 евра, но тоа не е се.

Ако дефанзивецот одигра повеќе од 20 натпревари за клубот од Кнежевството тогаш на „црно-белите“ ќе им припаднат додатни 2.000.000 евра, а ако Монако обезбеди настап во евро-куповите тогаш клубот од „Хумска“ ќе заработи уште 1.000.000 евра.

Трансферот на Павловиќ ќе биде официјализиран во зимскиот преоден рок, но ќе остане во Партизан сезонава како позајмен фудбалер од Монако. Мора да признаеме, одлична зделка на ракодството на Партизан.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .