Милер останува во Дукати

На неколку денови до италијанскиот Гран при, Дукати објави дека ја продолжи соработката со Џек Милер на уште една година. Австралијанецот ќе го вози фабричкиот модел и во текот на 2022 гоина, на Мото ЏП шампионатот.

„Воодушевен сум што ја продолжувам авантурата со Дукати и во следната сезона. Голема чест за мене е да ги носам овие бои, а двете врзани победи во шампионатот се оставарување на сонот. Победите немаше да се случеа ако во последните неколку месеци немав неверојатна поддршка на целиот тим на Дукати“, изјави Милер.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .