Милвоки ја освои титулата во НБА после 50 години: Јанис со една од најдобрите партии во историјата на финалето! (ВИДЕО)

Делириум и воодушевување во Висконсин. Милвоки Бакс после 50 години повторно станаа шампиони на НБА лигата, втора во нивната клупска историја, откако направија огромен пресврт и по губењето од 0-2, победија четири пати во низа и така ја освоија титулата!

Во одлучувачкиот шести натпревар лекции делеше Јанис Антетокумпо, кој ја одигра една од најдобрите партии во историјата на финалињата. „Greak Freak“ мечот го заврши со неверојатни 50 поени, симболично за прва титулата после 50 години, во победата од 105:98.

Но, не постигнуваше само поени првата ѕвезда на Бакси. Јанис фати и 14 скокови, а беше и одличен во одбраната со пет блокади. Страшна беше атмосферата во Висконсин, салата беше комплетно полна, а дури 65.000 навивачи имаше пред истата, каде што гледаа на голем видео – бим.

Кога станува за гостите, најдобар беше Крис Пол кој уфрли 26 поени, меѓутоа слаб натпревар имаше Девин Букер кој мечот го заврши со само 19 поени.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .