Милвоки не се дава: Јанис со НЕСТВАРНА „рампа“, Мидлтон ги реши Санси! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Милвоки Бакс израмнина 2-2 во финалната серија од НБА лигата. Бакси го направија истото што и Феникс Санс и ги добија двата меча на домашен терен, откако славеа со 109:103.

Крис Мидлтон беше предводникот на домаќините со 40 поени, додека Јанис Антетокумпо имаше 26 поени, 14 скокови, но и осум асистенции. Јанис исто така го имаше потегот на натпреварот кога на фантастичен начин го блокираше Деандре Ејтон.

Кај гостите единствениот расположен беше Девин Букер со 42 поени. Финалната серија повторно се сели во Феникс, каде што ќе се одигра следниот натпревар.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.