Кошаркарите на Милвоки Бакс доцна синоќа по трет пат во својата историјата стигнаа до трофејот во Источната конференција, откако во шестиот меч ја совладаа Атланта на гостински терен (107:118) за конечни 2-4, па останува да видиме дали ќе освојат да стигнат до втората титула во историјата на франшизата, после таа во 1971 година.
Бакси и без првата ѕвезда Јанис Антетокумпо успеаа да слават против Атланта, предводени од Крис Мидлтон кој уфрли 32 поени, имаше и седум асистенции, а одличен беше и Џру Холидеј со 27 поени, но и по девет асистенции и скокови.
На спротивната страна најдобри беа Кем Редиш со 21 поен и Богдан Богдановиќ со 20 поени. Бакси во големото финале ќе играат против Феникс Санс.