И покрај пласманот во Лигата на шампионите, не е лесно да си „росонер“ последниве години. Поради тешката финансиска состојба на клубот, од Милано како слободни играчи си заминаа Џанлуџи Донарума кој потпиша за француски ПСЖ и Хакан Чалханоглу кој се пресели во редовите на омразениот градски ривал – Интер.
Сега Милан бара алтернатива во средниот ред, но не му иде најдобро (ништо не испадна со Кутињо и Влашиќ), па според последните информации Стефано Пиоли бил заинтересиран за македонскиот репрезентатитвец Енис Барди.
Наводно клубот од „Сан сиро“ веќе подготвил 10.000.000 евра, но јасно е дека оваа понуда нема да ги задоволи апетите на Леванте, кој бара најмалку 15.000.000 евра. Останува да видиме како ќе се одвиваат преговорите и дали Барди ќе го гледаме во Серија А.