Милан подготви посебни дресови за 120. роденден: Во продажба ќе бидат само 1899 (ФОТО)

Италијанскиот гигант Милан овој месец ќе го прослави 120. роденден, а за таа чест подготви посебни дресови. „Росонерите“ се основани на 13. декември 1899. година и важат за еден од најголемите клубови во светот.

Спонзорот на Милан, Пума денеска на својата официјална страна објави дека подготвија посебни дресови во кои играчите на овој клуб ќе играат против Сасуоло на 15. декември.

Интересно, Пума во продажба ќе пушти само 1899. дресови во знак на годината кога клубот е оснуван, а дресовите мора да признаеме изгледаат одлично.

View this post on Instagram

Here’s to 120 years of @acmilan 🔑🔴⚫️

A post shared by PUMA Football (@pumafootball) on

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .