Милан откупи фудбалер на Челси

Фикајо Томори пристигна во Милан во јануарскиот преоден рок како позајмен фудбалер од Челси, а ова беше одличен потег на „росонерите“, кои веќе се одлучија комплетно да го откупат неговиот договор.

Милан за 23 – годишниот Томори на Челси ќе му искешира 28.000.000 евра, што е одлична зделка за двата клуба. Томори освен за Челси има настапувано и за Дерби и Хал, а за Милан сезонава запиша 17 мечеви во Серија А на кои постигна еден погодок.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .