Милан и Донарума повторно во клинч

Таман кога помисливме дека односите помеѓу Милан и Донарума се решени нов шок ни доаѓа од Милано. Проблемот повторно е околу новиот договор.

Донарума во моментов има годишна плата од шест милиони евра, а договорот е со важност до 2021. година. Двете страни сакаат да ја продолжат соработката, но под различни услови.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека агентот на Донарума, контроверзниот Мино Раиола побарал од раководството на „росонерите“ нов, побогат договор.

Клубот од „Сан сиро“ не планира да му ја зголеми платата на младиот голман. Челниците на италијанскиот гигант сакаат платата да остане иста, а договорот да го продолжат за уште неколку години.

Останува да видиме како ќе заврши новата шпанска сапуница во режија на Мино Раиола.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .