МЗТ со „метла“ за Пелистер: „Металците“ против Еуро Никел во финалето!

МЗТ Скопје Аеродром е вториот финалист од плејофот на Првата кошаркарска лига. Клубот од „Јане Сандански“ по победата во Битола, вечерва и на домашен терен го совлаа Пелистер за максимално 2-0 во полуфиналната серија.

Феми Олуџоби и вечерва беше клучниот играч на МЗТ со 20 постигнати поени, 13 запиша капитенот Дамјан Стојановски, додека Магдевски имаше 12. Најдобар стрелец на натпреварот беше плејот на Пелистер, Бобан Стајиќ кој постигна дури 30 поени, а имаше и по четири скокови и асистенции.

МЗТ во финалето ќе игра против кавадаречки Еуро Никел кој шокантно го елиминираше Работнички во полуфиналето.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.