МЗТ Скопје Аеродром ја засили центарската позиција

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ја засили центарската позиција со српскиот кошаркар Бојан Радуловиќ. Тој има искуство од АБА- лигата во која настапуваше со Металац Ваљево и со Унион Олимпија.

211- сантиметри високиот кошаркар во Аеродром доаѓа од словенечкиот Тајфун, каде што на седум средби сезонава имаше просек од 9,4 поени и 6,9 скока по натпревар. 27- годишниот кошаркар во кариерата освен за споменатите Металац Ваљево, Унион Олимпија и Тајфун има играно и за Хелиос, Шкофја Лока и Копер Приморска.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .