Кошаркарите на Работнички во супер интересен натпревар, со тројка на Мирко Мулалиќ на 25 секунди до крајот денеска славеа на гостувањето во Аеродром кај МЗТ Скопје (74:75).
Двата состава одиграа изедначен меч, со многу пресврти, но на крајот пресуди тројката на Мулалиќ. Најефикасен на натпреварот беше Адем Мекиќ со 18 поени, а по 15 имаа Гравет и Крстевски. Кај победничкиот тим херојот Мирко Мулалиќ беше прв стрелец со 16 поени, колку што имаше и Филип Бундовиќ.