МЗТ е на чекор до титулата, Аеродром се подготвува за фешта!

МЗТ Скопје има водство од 2-0 во финалната плеј-оф серија против Еуро Никел, и денеска има можност со трета победа да ја освои и осмата првенствена титула.

„Немавме време за славје затоа што мораше да ги искористиме овие два дена за одмор и рекуперација. Се со една цел, денеска да го одбраниме домашниот терен и да ја оствариме нашата цел – да ја освоиме и шампионската титула. Сега сме многу блиску до тоа остварување, но треба да одиграме на уште повисоко ниво во однос на првите два натпревари против еден противник кој никогаш не се предава“, изјави Андреј Магдевски.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .