МЗТ владее со Скопје: Работнички разбиен со 25 разлика во „Градски парк“

Вечното дерби помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром во Првата лига убедливо го доби клубот од Аеродром (68-93). Иако очекувавме далеку повозбудлив меч сепак, „металците“ уште во првото полувреме го решија мечот. Само првата четвртина беше изедначена (17-18), а веќе во втората четвртина проработе нападот на МЗТ (15-30).

Во вториот дел аеродромци продолжија во ист стил, заедно со поддршката на своите навивачи продолжија да погодуваат, па така третата четвртина ја добија исто така убедливо (18-31). Центарци ја добија само последната четвртина (18-14).

Најдобар поентер кај домаќините беше Лескалт со 25 поени, додека 13 запиша Мијатовиќ. Кај победниците одлични беа двајцата Американци. Џабари Хиндс со 22 поени, а Ерон Харис запиша 18 поени.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .