Мејведер ја заврши кариерата

Еден од најдобрите боскери во историјата, Флојд Мејведер реши да замине во пензија. Тој последен пат се најде во рингот во 2017. година кога во Лас Вегас го совлада Конор Макгрегор.

Иако имаше шпекулации дека уште еднаш ќе се бори со својот најголем ривал Мани Паквајо, сепак по се изгледа нема да има ништо од тоа.

„Неколку пати ме побараа да се вратам во рингот, но моето здравје е моето богатство. Боксот е многу брутален спорт“, изјави 42- годишниот Мејведер.

Американецот ја заврши кариерата без пораз (50-0) и 12 освоени светски титули.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .