Мечот на сезоната за Новак: Циципас имаше се во свои раце, меѓутоа Ѓоковиќ ментално е од „друга планета“!

Атомски тенис одиграа Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас во четвртфиналето од Мастерсот во Рим, каде што Србинот после голем пресврт се пласираше во полуфиналето 2:1 (4:6, 7:5, 7:5).

Мечот кој започна вчера, но поради обилниот дожд мораше да биде прекинат, а истиот продолжи денеска. Ѓоковиќ беше пред пораз, но уште еднаш докажа дека ментално е најдобриот тенисер на денешницата, а можеби и во историјата.

Двајцата тенисери ни приредија неверојатен меч кој траеше три часа и 20 минути. Светскиот број 1 по 12. пат во кариерата ќе игра во полуфиналето на Рим, а таму ќе се судри со Италијанецот Лоренцо Сонего кој денеска го совлада Рубљев.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .