Металург поразен во Тулуз

Македонскиот претставник во ракометната Лига на Европа, Металург загуби на гостувањето кај Тулуз во 1. коло од второто по квалитет европско натпреварување (33-29). Клубот од Автокоманда одигра храбро, но недоволно за позитивен резултат.

Предводник на Французите беше Јакобсен со девет гола, додека голманот Летен имаше 12 одбрани. Кај Металург најдобар беше Милан Поповиќ со девет гола, а Дупачанец беше солиден со осум одбрани.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .