Меси му „симна капа“ на Скола: „Ви благодарам“

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на Аргентина, Луис Скола во поразот од Австралија во четвртфиналето на Олимписките игри во Токио го одигра последниот натпревар во дресот на „гаучсоте“.

Легендарниот Скола на 41-годишна возраст покажа како се игра за репрезентацијата, а по натпреварот Лионел Меси преку социјалните мрежи му искажа благодарност за се што направи во дресот со државниот грб.

„Вашата импресивна  кариера ве претвори во еден од најголемите промотори на аргентинскиот спорт и целиот свет. Ви благодарам“, напиша Меси на Инстаграм.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .