Меси има три опции

Позади навивачите на Барселона е една од најтешките вечери. Каталонскиот гигант објави дека нема да го продолжи договорот со најдобриот фудбалер во историјата на клубот, Лионел Меси поради регулативите на шпанската Ла Лига.

А, кој се опциите на Аргентинецот за продолжување на богатата кариера? Прв фаворит во моментов е ПСЖ. „Светците“ веќе стапија во контакт со Меси и преговорите се одвиваат.

На второто место мора да е Манчестер сити. Менаџерот на клубот Пеп Гвардиола е во одлични односи со Меси, но останува да видиме како „граѓаните“ би го извеле овој трансфер, ако се знае дека синоќа го потпишаа Џек Грилиш на кого потрошија неверојатни 184.000.000 евра.

Третата и последна опција за сега е американската МЛС лига, но тешко дека Меси во моментов би се одлучил за преселба во САД.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.