Меси: Дуелите со Роналдо вечно ќе се паметат

Пред Барселона се два тешки дуели. Прво во шпанската Ла Лига ќе играат „Ел Класико“ против Реал Мадрид. Најдобриот фудбалер на каталонците Лионел Меси и покрај дербито со Реал, уште сега го најавува дуелот со Јувентус.

Сепак, по се изгледа за „старата дама“ нема да настапи најголемиот ривал на Аргентинецот, Кристијано Роналдо кој се уште е позитивен на корона – вирус. Но, ако биде негативен на 24 часа пред натпреварот ќе добие дозвола за игра, а за такво нешто се надева и Меси.

„Дуелите помеѓу мене и Кристијано ќе се паметет засекогаш. Имавме многу дуели во последните неколку години. Се надевам дека Роналдо ќе се опорави и дека сите љубители на фудбалот ќе уживаат во добар натпревар“, порача Меси.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .