Месина: Успехот го поклонуваме на семејството Армани и на навивачите

Кошаркарите на Олимпија од Милано за прв пат после 29 години се пласираа на фајнал – фор турнирот од Евролигата, а тренерот на „манекените“, легендарниот Еторе Месина успехот им го посвети на навивачите и на семејството Армани.

„Многу сме среќни, посебно поради господинот Армани и неговото семејство кое години наназад го подржува клубот. Пласманот на финалниот турнир и враќањето на големата сцена и борбата за европскиот трон после многу години е своевиден поклон за семејството Армани“, рече Месина.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.