Менаџерот на Ериксен: Во стабилна состојба е, и може да зборува

На Кристијан Ериксен му се слоши за време на мечот со Финска на ЕП и веднаш беше пренесен во болница. Лекарите претходно нешто повеќе од 15 минути се обидуваат да го освестат и да го стабилизираат. Неговиот агент, Мартин Шотс изјави дека Ериксен е во стабилна состојба и дури може да зборува и да препознава луѓе.

„Ериксен е надвор од животна опасност, ми се јави неговиот татко од болница и ми кажа што се случува. Тој е буден, нормално дише, може да зборува и да препознава“, изјави Шотс за холандски „NOS“.

Претходно и УЕФА потврди дека состојбата на Ериксен е стабилна, а потоа одлучи дека мечот меѓу Данска и Финска може да продолжи. Двете страни се согласија да играат.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.