Мекгрегор ја покажа Ламборџини јахтата вредна 3.000.000 евра! (ФОТО)

Успешно заврши проектот започнат од автомобилската компанија Ламборџини и компанијата за јахти „The Italian Sea Group“ кои со заеднички сили изградија Ламборџини јахта, а еден од малкуте сопственици е УФЦ борецот – Конор Мекгрегор!

Инспирирана од хипер автомобилот Ламборџини Sian FKP 37, јахтата со ограничена серија го доби името по годината на основањето на Ламборџини, 1963 година, се наведува во соопштението на компанијата.

Инаку, бродот е тежок 24 тони, долг е 19,2 метри има два V12 мотори, секој по 2.000 коњски сили. Цената на јахтата е 3.000.000 долари, а беа направени само 63 примери кои ќе бидат достапни оваа година.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.