„Мед“ за „крокодилите“! Мал клуб од Замбија заработи МИЛИОНИ, а никогаш не играл во првата лига!

На сите ни е познато дека австрискиот првак Ред Бул Салзбург знае како да работи. Купуваат ефтино таленти ширум светот, ги развиваат во своите филијали, им даваат шанса и кога ќе ја достигнат посакуваната цена – ги продаваат!

„Биковите“ и летово веќе заработија „солидно“, иако преодниот рок само што започна. Имено, прво беше продаден Патсон Дака во Лестер за 30.000.000 евра, а синоќа беше потврден и Енок Мвепу, кој за 20.000.000 евра потпиша за Брајтон.

Двајцата освен што ги поврзува Салзбург и што се Замбијци, двајцата исто така потекнуваат од еден мал замбијски клуб – Кафу Селтик. Малку познатиот замбијски второлигаш со надимак „крокодили“, кој никогаш не ни заиграл во најсилната лига на оваа африканска земја, а дури од пред две години за прв пат заигра во втората лига.

Но, од денеска тие се побогати за 8.000.000 евра затоа што Даки и Мвепу токму во овој клуб ги имале првите фудбалски чекори, па според правилникот на ФИФА клубот ќе ги заработи овие средства само од фондот на солидарност.

Двајцата фудбалери во 2017 потпишаа за Салзбург од Кафу Селтик и се пробија до самиот врв на австрискиот великан, а сигурно веќе се легенди во замбијскиот клуб.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .