Медиумите од Островот тврдат: Португалец ќе биде новиот тренер на Арсенал?

Унаи Емери денеска заработи отказ во Арсенал, а клубот од северен Лондон е во потрага по негова замена. Легендата на клубот Фреди Љумберг привремено ќе ја води екипата, што значи дека тој ќе го води тимот на гостувањето против Норвич во недела.

Англиските медиуми тврдат дека „топчиите“ веќе нашле тренер и дека во следниот период тој ќе биде претставен. Станува збор за португалскиот стручњак Ноно Еспирито Санто. Тој во моментов е тренер на Вулверхемптон, а претходно беше дел од Порто, Валенсија и Рио Аве.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .