Навивачите на Њујорк Никс конечно после осум години дочекаа победа на своите миленици во плејофот на НБА лигата. Избраниците на Тим Тибодо доцна синоќа во „Медисон Сквер Гарден“ ја совладаа Атланта со 101:92 и така израмнија на 1-1.
Поранешниот МВП и еден од најсаканите играчи во историјата на лигата, Дерик Роуз беше предвоник на Никси со 26 поени, додека Булок и Рендел уфрлија по 15, а Трае Јанг беше прв стрелец на натпреварот со 30 поени.